Двосмислен одговор на Заев дали на 12-ти ќе се распушти Парламентот – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/20 2:28 PM

Двосмислен одговор на Заев дали на 12-ти ќе се распушти Парламентот

-Сите ние ќе гласаме за распупштање, кога ќе дојде точката за распуштање на Парламентот. Сите ние договоривме дека изборите ќе се одржат на 12-ти април, и сите договоривме дека треба да ги почитуваме одлуките на претседателот на Парламентот, кога ќе стави на дневен ред распуштањето, тоа и да се случи. Ако до тогаш, еве Протоколот за НАТО ќе го земам, не мора да е Законот за јавно обвинителство не е гласан, зарем треба да го распуштаме Паламентот, без да го гласаме Протколот?! Не! Треба да го излгасаме Проколот, треба да го изгласаме Законот за одбрана и треба да го ставиме на гласање Законот за јавното обвинителство. Тоа се многу важни работи за нашата интеграција во ЕУ и НАТО. Треба да биде одговорни кон граѓаните и да и помогнеме на земјата најмалку со гласање на овие закони, одговори Зоран Заев.