Чистиот воздух и здравјето на граѓаните воопшто не им е важно на СДСМ. Се им се врти околу политика и поважен им е личниот интерес.
СДСМ и Зоран Заев се најлицемерни кога гледаат дека највеќе губат на анкетите.
СДСМ и Заев обидувајќи се фирмата ЕКО КЛУБ Битола и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма ЕКО КЛУБ Битола земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ.
Само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата ЕКО КЛУБ Битола од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари.
ЈП за државни патишта, министерството за одбрана, министерството за здравство и многу други институции биле дел од институциите кои доделувале тендери на фирмата ЕКО КЛУБ Битола.
И малите деца знаат дека не смее тендер да биде доделен без да знае Заев или некој од СДСМ. Сите знаат дека во владеењето на СДСМ однапред се знае секој тендер на која фирма ќе биде доделен.
Каде е одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма која ја обвинуваат за сериозна вмешаност во криминал со труењето на граѓаните?
Каде е одговорноста на Заев и во случајот со набавката и користењето на нафтен кокс за своите фирми, високо загадувачко гориво кое го користеле буквално фирмите каде што сопственици се Заеви. Имено од 9 компании кои користат нафтен кокс, 5 компании се поврзани со Зоран Заев. Само во месец февруари 2019 година, увезени се 42 илјади тони нафтен кокс во државата или сликовито, тоа се вкупно 2.000 илјади шлепери кои што се согорени, а загадените материи односно согорените материи се испуштени во воздухот.
Очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните. Зошто се молчи за овие скандали? И Каде е тук одговорноста?
Овој скандал мора да има разрешница.
Залудни се дефокусирањата од страна на СДСМ.
Се виде кој доделувал пари на фирмата ЕКО КЛУБ.
Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ