Лисица влетала во британскиот парламент и се прошетала дури до третиот кат – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/20 8:01 AM

Лисица влетала во британскиот парламент и се прошетала дури до третиот кат

Невообичаена сцена во четвртокот вечерта се одвивала во парламентот на Велика Британија, а главен лик била лисица која ја избегнала полициската контрола, влегла во зградата и се прошетала низ ходниците.

„Сме видувале многу чудни сцени во парламентот, но оваа ги надминува сите, напишала на социјалните мрежи парламентарката Џулија Лопез, објавувајќи и фотографија од настанот.

Новинарката на дневниот весник „Сан“, Кејт Фергусон, во живо известувала од целиот метеж, наведувајќи дека полицајците се мачеле да ја избркаат, , но лисицата им избегала дури до третиот кат.

Драмата, сепак, била завршена, а непоканетата гостинка од парламентарната зграда била испратена заробена во кутија.