Трамп и’ ја подарува Алјаска на Русија? – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/20 7:56 AM

Трамп и’ ја подарува Алјаска на Русија?

Ако американскиот политички естаблишмент не го отстрани Трамп по пат на импичмент од позицијата шеф на државата, постои можност тој да и’ ја подари Алјаска на Русија во замена за поддршка на претседателските избори во САД, предупредува Адам Шиф, демократ и претседател на Комитетот за извештајни работи во американскиот Конгрес.

Русите, пак, кои одамна Алјаска им ја продале на Американците, анализата на демократот Шиф ја сметаат за политичка анегдота, со која демократите сакаат да го девалвираат Трамп пред изборите зашто американскиот претседател, и да сакал, не може да ја подари Алјаска, бидејќи територии не се подаруваат ниту за тоа постојат законски основи.