Хокеј-дипломатија: Русија и Белорусија не се договорија за гасот, па претседателите се „пресметаа“ во хокеј – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/20 7:52 AM

Хокеј-дипломатија: Русија и Белорусија не се договорија за гасот, па претседателите се „пресметаа“ во хокеј

Русија и Белорусија ќе продолжат со консултации за интеграциите на нивоа на влади, министерства и служби, но имало многу резерви во врска со испораката на руски гас за Белорусија за 2020 година. Минск барал попуст на нафтата, а Москва цената да ја регулира пазарот.

Сепак, вчерашната средба во Сочи, претседателите на двете земји, Владимир Путин и Александар Лукашенко, ја завршија со играње хокеј.