Од денеска со меѓународна потерница се бараат бегалците од штипскиот затвор, Агим Красниќи и Сехат Рамадани. Двајцата кондовци, кои се во затвор за предизвикување изборни инциденти и тероризам, во средата вечер не се вратија од викенд отсуство.
Со тоа, списокот на бегалци од правдата на МВР, барани со потерница, се зголеми на 68.
Красниќи и Рамадани неколку години се во иста соба во штипскиот затвор. Со нив во истата соба бил и Жан Железарски, кој издржувал казна за случајот „Детонарор“ и Железарски е баран по меѓунардона потерница од ноември 2019 година, откако не се вратил од отсуство.
Според директорот на Затвор – Штип, Мики Тодоров, во моментов во оваа установа како бегалци се водат дваесетина затвореници. По сите е распишана потерница.
За некои од македонските медиуми индикативно е што Красниќи и Рамадани, кои се осудени и за изборни инциденти, побегнаа од затвор во предизборие.
Меѓутоа, директорот Тодоров објаснува дека ним, како затвореници им следува редовно отсуство на триесет дена, два пати годишно одмор и седум часа неделно прошетка.
-Двајцата се пуштани и во перидот на претходни избори, па не предизвикале изборни инциденти. Законот предвидува процес на ресоцијализација на затворениците со средината и засилување на контактите семејствата. Овие отсуства се во таа функција,вели Тодоров.
Од сајтот на МВР во дел Потерници:
Сехат Рамадани
Рамадани Сехат од т.Емрула м.Садете роден 11.09.1984 година во Фрауенфелд, а живее во с.Кондово – Скопје ул.1 бб . Се бара за бегство од затвор со наредба број М.бр.82/2013 од КПУ затвор Штип за сторени кривични дела по член 292 , 288 и 123 од КЗМ за доиздржување на казна затвор од 3 години и 3 месеци.
Агим Красниќи
Красничи Aгим од т.Незир м.Мирадие роден 15.09.1979 година во Скопје, а живее во с.Кондово – Скопје ул.2 бр.4. Се бара за бегство од затвор со наредба број М.бр.80/2013 од КПУ затвор Штип за сторени кривични дела по член 292 , 288 и 123 од КЗМ за доиздржување на казна затвор од 3 години и 3 месеци.
Жан Железарски
Жан Железарски од т.Славчо м.Бранка, роден 02.12.1982 година во Кочани каде и живее на ул.„Рајко Жинзифов “ бр.48. Се бара со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен суд Кочани за сторени кривични дела по чл.394 ,чл.386 и чл.123 вв со чл.19 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 14 години.