Бугарија: Протест пред Собранието за оставка на Владата на Борисов – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/20 1:33 PM

Бугарија: Протест пред Собранието за оставка на Владата на Борисов

Во организација на опозициската Преродба, пред зградата на бугарското Народно собрание се одржува протест со барање оставка на Владата предводена од премиерот Бојко Борисов, јави БГНЕС.

Организаторите како причини за незадоволство ги посочуваат демографската катастрофа, кризата со водоснабдување во делови на земјата, загадениот воздух, полициското самоволие, управувањето со отпад, одземањето на монетарниот суверенитет, заканите по финансиската стабилност…

Од Преродба оценуваат дека нема сфера во управувањето со земјата што не е во сериозна криза.