Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче. Субвенцијата за секое новороденче досега изнесуваше 5.000 денари, информираат од Општината.
-Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за нороворенчињата, со цел да ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите”, вели градоначалникот Златко Марин.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2020 година на подрачјето на Општина Аеродром.
Формуларот може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром.
МИА