Доколку „Топлификација“ биде ликвидирана ќе загубат 33 милиони евра побарувања од ТЕ-ТО,кои се потврдени со пресуда од врховен суд.
Акционерите кои вложиле во ТЕ-ТО бараат правна разврска,кои вложиле свои пари кога им бил презентиран планот за идејата за формирање на АД „ТЕ-ТО“,кои пари сега ги губат,заради незаконскиот стечај на ТЕ-ТО кога им биле отпишани долгови во вредност од 150 милиони евра од кои 40 милиони евра кон македонски фирми .Тоа се случило во судска постапка .На ТЕ-ТО им беше доделена државна помош од Владатао во форма на одлагање за период од 9 години за долгот кој го стекнале од данок на добивка, откако против нив е поднесена кривична пријава од финансиска полиција за перење пари во износ од 150 милиони евра.Генерираната добивка е во износ од 120 милиони денари,а ТЕ-ТО не го плаќаат ни аконтативниот данок ,кој според пресметките требало да изнесува 1 милион евра годишно, објаснува директорот на „Топлификација“Димитар Хаџи Мишев.
По ваквите случувања од „Топлификација“ побарале од информација од надлежните институции но, наишле на молк.Единствено добиле писмо од министерство за финансии, како одговор за прашањето за доделување на државна помош од каде се препратени до Државниот секретаријат на Владата
Од УЈП добиле информација дека одлуката за доделување на помош на комисијата за заштита на конкуренција до денеска не е објавена во Службен весник .
На 11 јануари пак ТЕ-ТО има сеуште долг од 20 милиони евра, што значи дека државната помош не е во функција- вели Хаџи Мишев.
„Уште понејасно е таа одлуката за државна помош се носи неколку месеци после поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција против ТЕ-ТО, одговорни лица во фирмата, стечајната судијка за штета направена на Топлификација АД, дополнително на тоа финансиската полиција поднесува кривична пријава за перење на пари од 150 милиони евра “– рече директорот на поранешна топлификација, која сега е во стечај, Димитар Хаџи Мишев.
Од „Топлификација “ упатија барање до надлежните институции со кое би се спречило идно оштетување на буџетот на државата и тоа :
„Комисијата за заштита веднаш да ја преиспита својата одлука за оправданост на државната помош дадена на ТЕ-То Ад
ОЈО во најкраток можен рок да го потврди делото во врска со кршењето на законот за трговски друштва поврзано со зделки со заинтересирани страни со што лажниот стечај на ТЕ-ТО АД ќе биде ништовен
До реализацијата на предхоните две активности да се стопира стечајната постапка на Топлификација АД за да не се направат ненадоместливи штети на оваа фирма која во оваа држава ја реализирала најголемата приватна инвестиција во енергетскиот сектор во нејзината историја“
Од таму поднеле кривична пријава за овој случај уште во мај 2018 година.До овој момент кога предметот е во ОЈО.Предметот е 7 пати селен од ОЈО до ОЈО за следење организиран криминал и корупција


