БиХ: Почина баба Фата, која во Сребреница ги загуби сопругот, тројцата синови, двајцата браќа… – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/20 10:53 AM

БиХ: Почина баба Фата, која во Сребреница ги загуби сопругот, тројцата синови, двајцата браќа…

Многу трагедии предизвикани од разни воени и паравоени злосторнички формации се случија при распаѓањето на СФРЈ, а веројатно најголемата беше таа во Сребреница. Вчера починала Фата Алиспахиќ, на  која, како што пишува сараевски „Аваз“ во масакрот во Сребреница и’ биле убени сопругот Хамдија, тројцата синови – Енвер, Мирзет и Мирсад, од кои последните двајца биле близнаци и малолетни, како и нејзините двајца браќа Рашид и Сенахид.

Најстариот од синовите, Енвер, бил оженет и имал две деца. Во потрага на децата во тие воени времиња да им обезбеди нешто храна, Енверовата сопруга загинала од отскочна мина. Иако скршена од болка, баба Фата ја презела грижата за внучињата.

Фата Алиспахиќ почина во 75. година од животот во Илијаш, каде што денеска ќе биде погребана.