На бродот кој беше задржан во Јапонија поради коронавирусот, има тројца македонски државјани, потврди министерството за надворешни работи на Јапонија.
„Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање“, велат од Министерството за надворешни работи на Македонија.