Нова снимка од сопругата на Џони Дип: Никој нема да поверува дека јас те тепам – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/20 2:55 PM

Нова снимка од сопругата на Џони Дип: Никој нема да поверува дека јас те тепам

Актерот Џони Дип и неговата сопруга Амбер Херд завршија со разводот уште во 2016 година, но кавгата меѓу нив никако да заврши. Откако излегоа на виделина снимки во кои aктерката признава дека го тепала Дип, „Дејли меил“ објави нова снимка во која се Херд му се смее и му вели дека никој нема да поверува дека таа го тепала.

“Џони, кажи му на целиот свет. Јас Џони Дип, маж, жртва сум на насилство. И тогаш види кој ќе ти поверува. Па ти си поголем и посилен од мене, а јас сум жена од 50 килограми. Ќе станеш во судницата и ќе речеш дека јас почнав, а поротата и судијата двајцата ќе не погледнат и ќе видат дека меѓу нас постои голема разлика“ – зборувала Амбер на снимката.

Брачниот пар се разведе во 2016 година и Амбер прифати седум милиони долари во замена за мир во нивниот меѓусебен однос. Но, неколку месеци подоцна таа себе јавно се нарече жртва на насилство, па Џони ја тужел за клевета и барал отштета од 50 милиони долари.