Новородено бебе во Кина беше дијагностицирано со новиот корона вирус, само 30 часа по раѓањето. Ова е најмладиот забележан случај до сега, изјавија кинеските медиуми.
Бебето е родено на втори февруари, во епицентарот на вирусот, градот Вухан.
Мајката на бебето била заразена од корона вирусот, пред породувањето. Се’ уште не се знае на кој начин бил пренесен вирусот.
Медицински лица дискутираат за тоа дали бебето било заразено во утробата или по породувањето.
До сега има регистрирано само неколку деца кои се заразени со вирусот кој уби 563 луѓе, а зарази 28,018.
Бебето кое се родило тешко 3,25 килограми, сега е во стабилна состојба и под постојан надзор.


