Воз излета од шини во северна Италија: Машиновозачите загинале, 30 патници повредени – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/20 9:30 AM

Воз излета од шини во северна Италија: Машиновозачите загинале, 30 патници повредени

Најмалку двајца загинаа откако од шини излета брз воз во близина на градот Лоди на северот на Италија.

Железничката несреќа се случила утрово во 5:35 часот по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим.

Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.