Сенатот одлучи – Трамп останува претседател – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/20 7:40 AM

Сенатот одлучи – Трамп останува претседател

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го преживеа клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судењето за негово отповикување. Трамп е ослободен и по двете обвиненија поведени против него. Првото за злоупотреба на претседателската власт, а второто за попречување на работата на Конгресот. За првата точка 52 сенатори гласаа дека „не е виновен“, а 48 гласаа „виновен“, за втората соодносот беше 53:37.

За смената од функцијата беше потребно двотретинско мнозинство гласови. Исходот од гласањето беше очекуван зашто републиканците, од чии редови е Трамп, имаат мнозинство во Сенатот со 53 мандати, демократите се со 45 места, a двајца сенатори се независни.

Со денешното гласање, Трамп практично ќе успее да го заврши четиригодишниот мандат кој го започна во јануари 2017 година. Тој е третиот претседател во историјата на САД кому му се судело во Сенатот, по Ендру Џонсон и Бил Клинтон. И тие го „преживеаја“ судењето.