Во Кавадарци конечно од денеска започна зонското паркирање. Од општината очекуваат да се стави ред во хаосот кој владееше со паркирањето, особено во ценарот на градот. Во функција се 1000 паркинг места поделени во неколку зони.
„Во зона А има четири под зони имаме имаме вкупн о 108 паркин места. Во зона Б со 13 под зони имаме 507 паркинг места и зона Ц со 9 под зони или вкупни 385 места. 3% од местата за паркинг се за лицата со инвалидитет кои се ослободени од плаќање за паркирање и истите треба да поднесат барање.
Досега се поднесени 400 барања од станари за повластена паркинг карта која изнесува 900 денари годишно за едно возило и 1500 денари за второ возило. Има интерес и за резервирани паркинг места за правните лица. “ рече Тошко Дафков, директор на ЈП Паркинг Кавадарци.
Тој информира дека на кавадарчани на располагање му е и депото на претпријатието каде можат да поставуваат монтажни гаражи и да ја паркираат земјоделската механизација.
„Општина Кавадарци една година заедно со полициската станица работеше на сообраќајни решенија и проекти за паркинг места. Официјално ги добивме сите паркинг места и дозвола за паркирање. Општина Кавадарци веќе наликува на една општина која според големината и населението е со средено паркирање. Метежот денеска е драстично намален. Добиваме почиста средина од еколошка тока, но и подобар сообраќај. Цените се симболични. Со плаќањето за паркинг ќе им вратиме на граѓаните со нови паркинг места“ вели градоначалникот Митко Јанчев, кој со испраќање на СМС порака симболично го најави стартот на зонското паркирање.
ЈП Паркинг е целосно опремено со возен парк за потребите за дејствување, а вработени се 37 лица.