Ева Соколовска (9) освои златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во германскиот град Боркен. На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред, и трет пат, во нејзината класа, го освојува првото место.
Македонското девојче веќе неколку години реди успеси во Германија. Досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место. Наскоро, Ева ќе настапи на уште еден турнир и според прогнозите, но и според нејзиниот талент се очекува повторно да се закити со злато.
Ева е по потекло од Скопје, но со нејзините родители и сестра и Илина, која исто така е гимнастичарка, живее во градот Белефилд во Германија. На натпреварот ја бодреше сестра и Илина, која веќе се натпреварува во бундес лигата.