Уште на 17-ти декември 2019 година,државниот инспекторат за животна средина ги доставил извештаите и записниците од инспекциските надзори кои се правеле во текот на целата година до основното јавно обвинителство и МВР ,изјави денеска Јани Макрадули заменик министер за животна средина и просторно планирање
„Државниот инспекторат за животна средина има редовни и вонредни контроли.Она што се обврзуваме во овој период да го направиме е да ги провериме сите дозволи кои што се издадени, но сакам да ве уверам дека Државниот инспекторат за животна средина многу совесно и ревносно си ја врши својата функција“-истакна Макрадули, кој додаде дека доколку се најдат виновниците ќе бидат санкционирани согласно законите во државава и дека податоците за депониран отпад се транспарентни.
Од основното јавно обвинителство вчера со став дека пријавата не била поткрепена со докази,предистражната постапка е во тек.Надлежен јавен обвинител веднаш по приемот на кривичната пријава издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на факти и за проверка на наводите во пријавата.
По вчерашниот скандал кој го презентираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад на депонијата „Дрисла“, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ова е скандал и на Шилегов, на инспекциските служби и на Дрисла и посочија дека одговорност мора да има
„За ваков невиден скандал јавното обвинителство мора веднаш да реагира,уште повеќе досега требаше да има отворена истрага.По ваков невиден скандал во кој се вклучени Филипче, Шилегов, Макрадули,инспекциските служби и Дрисла мора да сносат одговороност. Уште е непознато зошто во ваков еден скандал Филипче и Макрадули сеуште молчат и не си поднесуваат оставка.-истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.


