Милан Лалушиќ (69), кој живеел сам во селото Раштелица, општина Хаџиќи (Босна и Херцеговина), наместо семејството, кое го немаше, достоинствено на православните гробишта го погребаа соседите муслимани. Покрај тоа што сипратија добар човек, соседите на овој начин му заблагодариле што и тој учествувал со прилог за изградба на локална џамија.
Во организацијата на погребот учествувале и претседателот на месната заедница, Хазрет Шубашиќ и локалниот имам Муамер еф. Мркоња.
Ефенди Муамер по погребот ги угостил православните свештеници што одржале опело на погребот.