На српски поштенски марки главен град на Турција е – Цариград – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/20 11:26 AM

На српски поштенски марки главен град на Турција е – Цариград

Менаџментот на „Пошти на Србија“, поради грешка во изработката на поштенска марка по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Србија и Турција, повекол вонредна емисија од 25.000 примероци затоа што, наместо Анкара, како главен град на Турција бил наведен Цариград.

Весникот „Блиц“ наведува дека таа поштенска марка при неговата ланска посета на Србија, на турскиот претседател Ердоган пребало да му ја врачи српскиот колега Вучиќ. До скандал не дошло бидејќи членови на турската делегација ја воочиле грешката и барале да се исправи.

Грешката ја забележале и вработени во „Пошти на Србија“, кои се обратија до медиумите.

Наместо планираните 25.000, биле отпечатени дури 50.000 примероци од марката, што јавното претпријатие го чинело дополнителни три милиони динари.