Девојка од Кина се спасила од силување – се закашлала и извикала дека има коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/20 9:56 AM

Девојка од Кина се спасила од силување – се закашлала и извикала дека има коронавирус

Според последните податоци, од коронавирусот заклучно со вчера досега починале 492, а во моментот заразени се 24.500 луѓе, главно во Кина, а ги има реистрирано и во уште 25 земји.

И покрај големиот страв од него, коронавирусот некогаш може да биде „полезен“. Девојка од Кина во петокот избркала маж што  сексуално ја нападнал. Ји почнала да кашла и рекла дека штотуку се вратила од Вухан.

Осомничениот, кого полицијата го именувала како 25 Ксијао (25), влегол во спалната соба на Ји, која живее во градот Jингшан, близу Вухан.

Кога ја нападнал, девојката извикала во очај, “Само што се вратив од Вухан. Се заразив. Јас сум во домашен карантин!”. Ји потоа почнала да кашла и се обидела да го истурка Ксијао, кој си ја покрил устата со рака и избегал, но успеал претходно да и’ украде околу 400 долари,  соопшти локалната полиција, пренесува „Дејли меил“.

.