На патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 09:05 часот е укината забраната за тешки товарни возила, информира јавното претпријатие „Македонија пат”.
Забрана беше воведена на неколку патни правци поради врнежи од снег.
Од „Македонијапат” апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.