Делегација на војската на Србија во посета на земјава – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/20 8:03 AM

Делегација на војската на Србија во посета на земјава

Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Генерал Мојсиловиќ за време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средби со својот домаќин Васко Ѓурчиновски, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посетата, за утре е предвидена средба на генералот Мојсиловиќ со претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.

MIA