За криумчарење слики од Пикасо, осуден на три години затвор и 92 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 5:58 PM

За криумчарење слики од Пикасо, осуден на три години затвор и 92 милиони евра

Екс банкарот, Зејми Ботин (83), кој беше обвинет за криумчарење слики од Пабло Пикасо, денеска на повторното судење, е прогласен за виновен и осуден е на три години затвор, наместо на предходните 18 месеци, пренесува Танјуг.

Освен зголемената казна затвор, судот го зголеми и паричниот дел од санкцијата, од првобитните 52 милиони евра, на 92 милиони евра.

Ботин се обидел да ја продаде сликата и покрај тоа што постои забрана за извоз на културни дела значајни за Шпанија.

Врховниот суд во Мадрид, наведе дека Ботин во 2012 година бил известен од страна на акциска куќа дека му треба државна дозвола за продавање на сликите, но тој и покрај тоа во Валенција, ја однел сликата на јахта и му наредил на капетанот да ја скрие од властите.

Болтин бил директор на банката Банкинтер од 1986 до 2002 година, а поседува и 23 отсто од акциите на банката од инвестицискиот фонд Картивал.