Значително зголемен бројот на болни од грип во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 5:39 PM

Значително зголемен бројот на болни од грип во Кавадарци

307 случаи на заболени од грип во минатата недела се евидентирани во Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Ова е прво позначително зголемување на бројот на заболени од почетокот на сезоната, со што вкупниот број заболени е 517 лица.

Споредено со минатата година во овој период имало само 181 заболен.

„Најбројни меѓу заболените се лицата на возраст од 15 до 64 години, 136 болни. Од 5 до 14 години имаме 113 болни и од 0 до 4 години 47 случаи на грип. Најмалку заболени има во возрасната категорија над 65 години“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.

Тој додава дека најмал е бројот на заболени од возрасната група која е вакцинирана против грип. Пред почетокот на сезоната вакцина против ова вирусно заболување во Кавадарци примиле 872 лица.