Хрватска амбасадорка изгубена во преводот – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 5:27 PM

Хрватска амбасадорка изгубена во преводот

„Ви благодарам, довидување и добро е што се ослободивме од вас“, му порача хрватската амбасадорка на својот британски колега.

Обидот на хрватската амбасадорка Ирена Андраши да му посака среќа и се’ најдобро на амбасадорот во ЕУ, Тим Бароу, по излегувањето на Британија од ЕУ, неславно пропадна и предизвика шегување меѓу британците.

Иако британците сфатија дека амбасадорката се обидела да им посака се’ најдобро по излегувањето од ЕУ, во историјата ќе бидат запишани нејзините последни зборови :
„Thank you, goodbye, and good riddance“.

Дипломатите кои присуствувале на состанокот минатиот петок, два дена пред излезот на Британија од Европската унија, сметаат дека поздравот на хрватската амбасадорка не бил прикриена шега, туку само обична грешка во преводот.