Колку заработува YouTube годишно? – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 3:57 PM

Колку заработува YouTube годишно?

Основачите на компанијата Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, сегашни директори на холдингот Alphabet, во која влегува и Google, на нивно место е сегашниот извршен директор на Google- Сундар Пикај.

Со пристигнувањето на Пикаj, некои работи се промениле во самиот Google и Alphabet, така што при презентацијата на работењето во текот на претходниот квартал, откриено и нешто што досега немавме можност да го слушнеме или видиме.

Една од работите кои досега се чувале во тајност, а која штотуку е откриена, е – колку YouTube заработува! Поминаа скоро 15 години откако Google го купи YouTube за околу 1,7 милијарди долари во 2006 година.

YouTube учествува со околу 10% од вкупниот приход на Google. Во пари, тоа значи дека YouTube заработува над 15 милијарди долари годишно!

Во споредба со конкурентите, да речеме платформата Twitch, кој е најблизок конкурент, YouTube заработува шест пати повеќе пари од неа. Во споредба со огласувачкиот бизнис на Facebook, заработката на платформа YouTube е една петтина од тој профитабилен бизнис на најголемата социјална мрежа.

YouTube без реклами (Premium) и услугата YouTube Music во моментов ја користат над 20 милиони корисници (тие се исто така достапни во нашата земја, додека стримингот YouTube ТВ го плаќаат околу два милиони корисници ширум светот.

Извор: denar.mk