Медицински отпад несоодветно третиран завршувал на „Дрисла” – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 1:33 PM

Медицински отпад несоодветно третиран завршувал на „Дрисла”

Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата „Дрисла“. Случајот во декември го открил Инспекторатот на Град Скопје и го известил Јавното обвинителство.

Ова го соопшти на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој побара од Јавното обвинителство да го испита случајот, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја испита работата на компаниите кои имаат лиценца.

Отпадот бил носен од Прилеп и Битола.

МИА