Во 95. година, почина поранешниот кениски претседател Даниел арап Мои – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 9:07 AM

Во 95. година, почина поранешниот кениски претседател Даниел арап Мои

Денеска, во 95. година од животот, почина Даниел арап Мои, вториот претседател на Кенија по стекнувањето независност, кој две децении владееше со таа земја на истокот од Африка, јавуваат агенциите.

Информацијата за неговата смрт ја соопштил кабинетот на актуелниот претседател, Ухуруа Кенијата.

„Со длабока жалост и тага го соопштуваме заминувањето на големиот африкански државник, неговото величество Даниел Тороитча арап Мои, вториот претседател на Република Кенија“, се наведува во соопштението.

Мои починал утринава во присуство на своето семејство.

Во поголемиот тек од неговото владеење Кенија беше под еднопартиски систем. Во текот на владеењето на првиот кениски претседател Џомо Кенијата, инаку таткото на сегашниот претседател на оваа поранешна британска колонија, Мои ја извршуваше функцијата потпретседател, пренесе ДПА.