Отворена болницата што се изгради за 10 дена – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 9:31 PM

Отворена болницата што се изгради за 10 дена

Специјална болница во кинескиот град Вухан за пациенти со коронавирус е отворена денеска по само 10 дена градба, соопштија светските новински агенции.

Се очекува уште една поголема здравствена установа да биде отворена во текот на оваа недела.

Во меѓувреме, на 11 милиони жители на градот Вухан им е забрането да го напуштат градот.

Новоизградената болница има 1000 кревети, при што веќе се сместени првите пациенти, но засега нема информации за нивната состојба или колку лица се примени.

Менаџерот на градежниот проект на болницата за локалните медиуми изјави дека во нормални услови на болницата со ваква големина ќе беа потребни две години за да се изгради.

Градежните работи не престанаа откако започнаа на 24 јануари. Беа вклучени 7.000 работници.