Google Maps добива конкуренција: Најголемиот ривал сериозно “влегува во ринг” – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 3:53 PM

Google Maps добива конкуренција: Најголемиот ривал сериозно “влегува во ринг”

Google Maps добива конкуренција. Дали е време да се префрлите на нивниот најжесток ривал?

Компанијата Apple неодамна претстави редизајнирани мапи на својот систем за навигација.

Накратко, новите податоци за мапирање на компанијата Apple се подетални, имаат поточни податоци за пешаците и поточни адреси.

Новата верзија на Apple Maps е достапна за сите во САД, а во Европа би требало да пристигне „за неколку месеци“, објави Daily Express.

Apple Maps ќе добие и нови функции кои во септември се претставени во iOS 13 оперативниот систем.

Забележително е тоа што сега го нарекуваат „Разгледување“, кое се активира со избирање на иконата двогледи. Во суштина, тоа е нивна верзија на Street view на Google Maps.

Ќе видиме дали Apple Maps ќе успее да ја престигне конкуренцијата кога ќе пристигне во Европа.

Секако, дека iOs корисниците тогаш ќе имаат повеќе избор, па некои ќе се одлучат за оваа апликација, наместо за Google Maps.

Извор: denar.mk