Немојте да сушите алишта на радијатори, тоа може да ви го загрози здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 3:48 PM

Немојте да сушите алишта на радијатори, тоа може да ви го загрози здравјето

Многумина од нас практично го користат греењето на становите во зима, па облеката ја сушиме во станот или на самиот радијатор. Но, истражувањaтa покажаa дека тоа и не е најдобра идеја затоа што така можеме да го загрозиме нашето здравје.

Испарувањето на детергентот и омекнувачот до кое доаѓа поради сушење на облеката на радијаторите предизвикува зголемен ризик од појава на алергени и со самото тоа појава на алергии.

Експертите велат дека покрај радијатор секогаш треба да чувате сад со вода, затоа што во спротивно воздухот се суши толку многу, а тоа негативно влијае на респираторната слузница која станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на разни инфекции.

Исто така, се покажало дека сушењето на гардероба во станот го зголемува нивото на влага за 30 проценти и дека со себе предизвикува зголемен ризик од астма и алергии на кои особено се изложени најмладите.

И покрај предупредувањата на експертите дека за сушење облека се наоѓа алтернативен начин, од старите методи не се откажуваат дури 87 проценти од домаќинствата во Глазгов, каде е спроведена студијата.

Три четвртини од сто испитани домови имале влага, грини, што укажува дека старите навики мора да се променат.

Симптомите на респираторна инфекција се бројни – кашлање, хроничен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или гадење.

Извор: denar.mk