Се собираат средства за лекување на тешко повредениот работник Амир Зулбехари од Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 11:02 AM

Се собираат средства за лекување на тешко повредениот работник Амир Зулбехари од Тетово

Хуманитарна акција за собирање на пари за лекување на 23-годишниот Амир Зулбехари почна во Тетово. Зулбехари е тешко повреден на двете нозе откако му паднала машина тешка неколку тони на работното место во јануари.

За да му се спаси едната нога треба да се оперира во Турција, каде операцијата чини 200 илјади евра, а на другата нога треба да му се стави протеза.

На неколку пунктови во Тетово се собираат парични средства. Донации може да се дадат и преку жиро сметките на таткото Џемали Зулбехари во Халк банка 270-7000536865.39 и 270-7000536864.42. Телефонски број за контакт 070-748-728.

МИА