Најголемата приватна куќа во светот е изградена во 2010 година и се наоѓа во Мумбаи, Индија. Во суштина, тоа е солитер од 27 ката, чија површина изнесува 37.160 квадратни метри, а чини повеќе од една милијарда долари. Го користи само едно богато четиричлено семејство, а за секојдневното одржување се ангажирани 600 луѓе.
Објектот го дизајнирала компанија од Чикаго, САД, а го изградила австралиска компанија. Висок е 167 метри, а поради високите плафони, има само 27 ката.


