Кинезите ја направија за десет дена болницата со 1.000 кревети за болни од коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 9:24 AM

Кинезите ја направија за десет дена болницата со 1.000 кревети за болни од коронавирусот

Кинезите вчера ја довршија болницата во Вухан со околу 1.000 легла, чие градење почна на 23 јануари.

За изградбата на целата болница од нула им беа потребни десетина дена, како што најавија пред изградбата. Болницата се изгради поради појавата на смртоносниот коронавирус токму во Вухан,  каде што и остана жариштето.

Новата болница се простира на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишуваат кинески медиуми.