Бројот на жртви од коронавирусот порасна на 362, со што е надминат бројот на жртви од САРС во Кина од 2003 година. Тогаш од САРС во Кина починаа 349 лица, јавува Си-Ен-Ен.
До синоќа ширум светот од коронавирусот се заболени се над 17.300 лица. Вирусот веќе е проширен во 27 земји, а многу држави и натаму ги евакуираат своите граѓани.
Евакуираните од Кина, државјани на други земки, меѓу кои се наоѓа и една македонска државјанка, се во Франција каде ќе поминат 14 дена во карантин, по што ќе бидат транспортирани кон матичните земји.
Вчера лекарски тим од Тајланд се пофалил дека нашол лек за коронавирусот, пренесуваат некои медиуми.


