Здравствените работници велат дека стресот е појава која се почесто се јавува кај младите, фактор кој многу негативно влијае врз нивното здравје.
Оттаму велат дека кај ваквите млади пациенти се дејствува со лекови за смирување, а ако нема подобрување тогаш пациентите треба да побараат помош од психијатри и психолози.
Советуваат младите да ги менуваат своите навики и да водат поздрав живот, преку занимавање со некои хоби прошетки во природа, спорт и поминување на времето со пријателите.
Зоран Димовски


