Прв смртен случај на коронавирусот надвор од Кина – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/20 11:09 AM

Прв смртен случај на коронавирусот надвор од Кина

Бројката на смртни случаи од коронавирусот во Кина надмина 300 луѓе, а се повеќе земји пријавуваат и први случаи на заболени од инфекцијата. Кинеските медицински лица соопштија дека точната бројка на починати изнесува 304 лица, а заболени се 14.380 луѓе. Во меѓувреме потврден е и прв смртен случај надвор од Кина, а жртвата е 44 годишен маж од Вухан каде се појави вирусот, а починал на Филипините и најверојатно бил инфициран пред пристигнувањето на островот. Русија, Британија и Шведска се меѓу последните земји кои потврдија случаи на заболени од коронавирус.

Преземено од: Слободна Европа