Уставниот суд не е орган на државната управа и дека е уреден во посебна глава како орган на републиката, вели Дарко Костадиновски – уставен судија, при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
„Условите ги имаме. Сега условите во зградата на Археолошкиот музеј се навистина добри. Уставниот суд долги години бил кираџија во зградата на синдикатите. Сега условите се добри за работа, капацитетот во поглед на човечки ресурси е слаб. Ние сме вкупно со уставните судии околу 27 вработени луѓе имаме и неостаток и по природен одлив наредниов период искусни државни советници кои се нераскинлив дел од процесот ќе ни заминат. Меѓутоа статусот, за мене лично беше големо разочарување кога се приклучив во уставниот суд.
Во однос на самостојноста во решавање на проблемите со вработувања и услови, Костадиновски вели дека веќе две години е во Уставен суд, и тоа што го увидел во првите неколку месеци било многу разочарувачки за него.
„Мене просто не ми е јасно како поугледните не успеале во рок од 29 години да се изборат, да го искористат својот углед за поставување на уставниот суд така како што уставот го поставил. Уставниот суд не е орган на државаната управа. Уставниот суд во нашиот устав е уреден во посебна глава како орган на републиката. Нашиот устав ја гарантира уставноста и самостојноста на судот што мислам дека 29 години не била целосно исполнета. Како можеме да зборуваме ние за самостојност и независност кога немаме буџетска независност и нас во континуитет ни се намалува буџетот, ни кратат од буџетот. Минатата година ни се случи едне проблем да не можеме да оставриме дл од меѓународната агенда на судот. Поради немање на финансиск средства. Немаме ниту административна независност, ние не можеме сами да учествуваме во процесот во избор за најквалификувани. Нас процесот на вработување ни го спроведува Министертсво за информатичко општетсво и администрација. Кога ние се среќаваме со нашите колеги, од европските земји, кога ќе им ги кажеме овие работи, тие просто не можат да ни поверуваат“, вели Костадиновски кој додава дека во овој случај се поставува прашањето како тогаш се гарантира независноста и самостојноста на Уставниот суд.
Платите се јавни вели Костадиновски вели дека уставните судии во нашата земја земаат околу 70 илјади денари плата и сега со законските измени, со додатоците на платите на судиите платите не ни се приближуваат што е аномалија, што во светот никаде го нема.


