Во врска со ниноќешниот Брегзит, на својот Твитер-профил се огласи владејачката Шкотска национална партија. Објавија слика на која се гледа дека симболично се оставени запалени светла со порака: „Шкотска испрати порака до Европа во Брисел“.
Пораката што Шкотска сакаше да ја пренесе се зборовите на шкотскиот парламентарец Смит, кој ја повика ЕУ „да остави вклучено светло за Шкотска да може да си го пронајде патот до дома“.
И шкотската премиерка Старџен се огласи по Брегзит на својот профил со порака дека Шкотска ќе се врати во Европа како независна држава.