Просечната температура во руската престолнина во јануари годинава е највисока досега регистрирана во последните 141 години откако се мерат вакви податоци – од 1879 година, соопштила вчера денеска руската метеоролошка агенција.
Просечната јануарска температура во Москва била околу нулата и е за 9,3 степени повисока од нормалните температури, истакнаа од агенцијата.
Во јануари, снежниот слој во Москва беше само 7 сантиметри, повеќе од четири пати помалку од вообичаената висина. Целата 2019 година е најжешката забележана во Русија откако се мерат температурите.


