Велика Британија од полноќ веќе не е членка на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/20 6:41 AM

Велика Британија од полноќ веќе не е членка на ЕУ

По 3,5-годишни натегања и препукувања, од синоќа на полноќ Обединетото Кралство дефинитивно веќе не е дел од ЕУ.

По 47-годишно членство во заедницата, Велика Британија продолжува самостојно. За премиерот Борис Џонсон тоа значи „зора на нова ера“. Патот до Брегзит ги чинеше кариери двајцата негови претходници, Дејвид Камерон и Тереза Меј, и многу владини министри и пратеници. Европската унија досега првпат губи некоја своја членка.

Избирачите во Обединетото Кралство одлучија да ја напуштат Европската унија на референдумот одржан во јуни 2016 година со мнозинство од 51,89 отсто наспроти 48,11 отсто. Резултатите од тесниот референдум се испочитуваа.

Синоќа во Британија се славеше, имаше и палење на знамето на ЕУ, која за некои Британци е само германско-француска коалиција. а многумина и тагуваа, сметајќи оти излегувањето од ЕУ скапо ќе ги чини Британците.