Црна Гора: Уапсени 16 лица, одземено нелегално оружје, уапсен и партиски лидер – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/20 1:38 PM

Црна Гора: Уапсени 16 лица, одземено нелегално оружје, уапсен и партиски лидер

Црногорската полиција потврди дека денеска се уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои се и мајката и братучедот на пратеникот од Демократскиот фронт во црногорскиот парламент, Милан Кнежевиќ.

Во полициското соопштение се наведува дека мајката на Кнежевиќ е приведена бидејќи ги омаловажувала полицајците при претресот. Акцијата за апсење е извршена утрово врз основа на судска наредба и притоа биле претресени 17 локации, соопшти Управата на полицијата. Се наведува дека при претресот било пронајдено и времено одземено нелегално оружје – пушка и два пиштола, одредено количество муниција, средства за комуникација и други предмети. Одземените работи ќе бидат предмет на форензички вештачења.

Од партијата Вистинска Црна Гора соопштија дека бил уапсен и нејзиниот лидер Марко Милачиќ, веднаш откако слетал на аеродромот во Подгорица по неговото враќање од неколкудневниот престој во Србија каде што давал интервјуа за состојбите во Црна Гора.