Орбан: Сорос стои зад големата миграција на Балканот – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/20 1:27 PM

Орбан: Сорос стои зад големата миграција на Балканот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата организација за организирање на миграцијата низ целиот Балкан, пренесува унгарската агенција МТИ.

Во интервјуто за радиото „Кошут“, утринава Орбан рече дека организациите финансирани од Џорџ Сорос се вмешани во организирањето на миграцијата.

Орбан го окарактеризира Сорос како светски олигарх број еден, кој финансира невладини организации, групи, активисти во мрежи и политичари што ги изнајмува.