Кинеските власти, само неколку часа по вчерашната одлука на Светската здравствена организација да прогласи вонредна состојба на глобално ниво, потврдија дека досега од коронавирусот починале 212 луѓе. Вкупно заразени се 7.818, од кои 7.736 се во Кина, а 1.370 се во критична состојба.
Некои медиуми пренесуваат дека смртноносникот коронавирус најверојантно тргнал од пазарот во кинескиот Вухан. Она што го шокирало светот се фотографиите од пазарот кој официјално е за морски плодови, но на него можат да се најдат и многу други работи кои на луѓето од Западот им изгледаат чудно, но и одвратно. Во понудата се и птици, зајаци, но и глувци, лисици, лилјаци, змии и други рептили, потоа магариња, камили, па дури и мајмуни.

Не треба посебно да се истакнува дека држењето на сите овие животни на мал простор, нивниот постојан контакт со трговците и со купувачите, а често и нивното колење на лице место, е идеално за ширење вируси. Не се знае од каде потекнуваат животните, а и самата трговија не е регулирана. Некои дури ги јаделе животните уште додека се живи, бидејќи во традиционалната кинеска медицина суровото месо се смета за посебно здраво. Било докажано дека сите што биле први заразени со коронавирусот во Вухан го посетувале пазарот, работеле на него или на пазарот работеле членови на нивните семејства.

САРС, епидемијата што изби во 2002 година, исто така во Кина и уби 774 луѓе, била предизвикана од вирус што на луѓето преминал од цибетки (сродни на мачките), кои се продавале на такви пазари.


