Време: Продолжува топлата и сува зима – денеска до 16, во следните денови до 18 степени – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/20 6:59 AM

Време: Продолжува топлата и сува зима – денеска до 16, во следните денови до 18 степени

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од југоисточен и од западен правец, е прогнозата на УХМР за денеска. Највисоката дневна температура треба да достигне до 16 степени, а најниската утринска до -6.

Топлата и сува зима се очекува да продолжи и во следните денови и тоа со благо зголемување и на утринските и на дневните температури, па до вторник максималните температури треба да изнесуваат 18 степени, а благ пад со можен дожд би можело да се очекува в среда.