Нивоата на реките и езерата значително под јануарскиот просек – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/20 11:26 AM

Нивоата на реките и езерата значително под јануарскиот просек

Речиси четири пати пониски од просекот за јануари се нивоата на реката Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, водостоите на сите реки се под просекот, а на повеќето се преполовени.

Намалувања бележат и нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.