Изгореа автомобил и пластеник во струмичко Просениково – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/20 11:24 AM

Изгореа автомобил и пластеник во струмичко Просениково

Во село Просениково изутрината во 04.25 часот избувна. пожар во кој изгореле автомобил и пластеник, а повредени нема, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Според командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, најпрвин се запалил автомобилот кој бил паркиран до пластеникот, а потоа се проширил.

Струмичките пожарникари интервенирале со едно против пожарно возило и четворица пожарникари по што пожарот е успешно локализиран и ливидиран.

МИА