Бројот на починати од коронавирусот се искачи на 170 – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/20 8:55 AM

Бројот на починати од коронавирусот се искачи на 170

Бројот на смртни случаи од коронавирусот вчера пораснал од 132 на 170, додека бројот на заразени на повеќе од 7.730. Од нив 1.239 се во критична состојба, а има уште 12.167 сомнителни случаи. Од починатите, 162 се во епицентарот на заразата, во провинцијата Хубеи.

„Луфтханза“, „Свис“„Бритиш ервејс“и „Аустријан ерлајнс“ ги запреа летовите за Кина до 9 февруари поради коронавирусот. Од Австрија последниот лет за Кина се реализира синоќа во Виена. Европската комисија соопшти дека околу 600 граѓани од земјите на ЕУ сакаат да се вратат од Кина.