Откриен најдолгиот криумчарски тунел помеѓу САД и Мексико – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/20 8:08 AM

Откриен најдолгиот криумчарски тунел помеѓу САД и Мексико

 

Властите на САД соопштија дека е откриен најдолгиот тунел за шверц на југозападната граница, кој се протега на 1.313 метри.

Тунелот почнува во градот Тихуана, Мексико, до Сан Диего, САД. Почетокот на тунелот е во индустриско подрачје во Мексико.

Вториот најдолг тунел, пак, кој е долг на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година.